Бијонсе стана музичар со најмногу номинации за наградите Греми во историјата, надминувајќи го својот сопруг Џеј-Зи.
Тие досега беа израмнети со по 88 номинации, но Бијонсе сега се издвои благодарение на својот последен албум „Каубој Картер“, кој е номиниран во 11 категории, меѓу кои и за најдобар албум, најдобар кантри албум и најдобра песна.
За награда ќе се бори и „Битлс“, чија песна „Сега и тогаш“, довршена со помош на вештачка интелигенција, е номинирана за Греми за најдобра снимка.
Бијонсе е веќе најтрофејниот музичар во историјата на Греми со 32 награди, но никогаш досега не ја добила наградата за најдобар албум, што лани му припадна на Хари Стајлс.
(Фото: Гети)