Били Ајлиш им се придружи на Викенд и Тејлор Свифт како третиот пејач со 100 милиони слушатели на Спотифај месечно. Со 22 години, двократната оскаровка е најмлада во ова друштво и притоа има само три албуми, од кои последниот излезе во април годинава.
Викенд ја предводи листата со 107 милиони слушатели месечно, следен од Тејлор Свифт со 102 милиони. Двајцата имаат над двојно повеќе песни од Ајлиш, која има само 82 песни на платформата.
Моментално, осум песни на Ајлиш имаат над една милијарда преслушувања.
(Фото: АП)