БОБ ДИЛАН НА 80 ГОДИНИ НАЈАВИ СВЕТСКА ТУРНЕЈА ДО 2024

Њујорк, (АП)

Боб Дилан без најава почна да ги продава картите за својата нова турнеја, што ќе трае цели три години. Таа следува откако лани го издаде албумот „Rough And Rowdy Ways“, негов прв по осум години пауза и вкупно 39. во кариерата. На неговиот сајт е објавено дека светската турнеја ќе се протегне од 2021 до 2024 година.

Концертниот бизнис полека се враќа откако беше целосно запрен од пандемијата. Дилан беше на турнеја секоја година од 1988 до 2019, но лани мораше да мирува.

Тој планира да им се врати на настапите во живо на 2 ноември во Милвоки и до 2 декември има закажано 21 концерт.

Дилан наполни 80 години на 24 мај.