„Не е време за умирање“, 25. филм од серијалот за Џејмс Бонд, конечно имаше светска премиера по една и пол година одложување поради пандемијата. Снимањето чинело 240 милиони долари и, како и во претходните филмови, тајниот агент 007 е во мисија во разни делови од светот. Ова се локациите на кои што е сниман „Не е време за умирање“.

Порт Антонио, Јамајка

Во почетните сцени, Бонд ужива во пензијата на Јамајка, пред повторно да го викнат во акција. Познато е дека авторот на Џејмс Бонд, Ијан Флеминг, своевремено имал имот на Јамајка.

Мостот Хемрсмит во Лондон

(Фото: Гети)

Сите филмови за Бонд се снимаат и во Лондон, па така и новиот. На мостот кој ја преминува реката Темза, Бонд се среќава со Ем (Реиф Фајнс).

Фарски Острови

Дел од филмот се и познатите тунели со една лента на Фарски Острови, архипелаг сместен меѓу Исланд и Норвешка.

Италија

Матера (Фото: Гети)

Италија е еден од омилените пејзажи во филмовите за Бонд. Брканицата со автомобили во „Не е време за умирање“ се одвива по кривулестите улици на Матера, град кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, а некои сцени се снимени на древен римски мост во Пуља и во Салерно.

Норвешка

Сцените со замрзнато езеро се снимени во малиот норвешки град Нитедал, оддалечен 30-ина километри од Осло, а има и брканица со автомобили по спектакуларниот Атлантски пат.