БОБ ДИЛАН ОБЈАВИ НОВА ОРИГИНАЛНА МУЗИКА ПО ОСУМ ГОДИНИ ПАУЗА

Њујорк, (Гардијан)

Боб Дилан објави нова оригинална музика за првпат по осум години пауза, 17 минути долга песна за атентатот на Џон Кенеди.

Насловена „Murder Most Foul“, 78-годишниот Дилан ја објави песната преку Твитер.

Ова е досега необјавена песна што сме ја снимиле пред некое време, што би можела да ви биде интересна. Ова исто така е мој начин да им се заблагодарам на фановите за поддршката и лојалноста сите овие години“, кажа Дилан.

Тој редовно снимаше албуми во изминатите години, но последните три не беа со негова оригинална музика, туку со обработки. Во меѓувреме, во 2016 година доби Нобелова награда за литература.