БОЧЕЛИ ПЕЕШЕ ВО ПРАЗНАТА КАТЕДРАЛА ДУОМО, НО ПРЕД 3,4 МИЛИОНИ ЛУЃЕ НА ЈУТЈУБ

Милано, (Дејли мејл)

Андреа Бочели го воодушеви светот со својот емотивен и моќен велигденски настап во морничаво празната катедрала Дуомо во Милано, испраќајќи пораки на љубов, надеж и заздравување.

Получасовниот настап насловен „Музика за надеж“ се пренесуваше во живо на Јутјуб, каде што Бочели имаше публика од 3,4 милиони гледачи.

Во услови кога таа е затворена поради пандемијата на коронавирусот, 61-годишниот тенор доби ексклузивен пристап во катедралата од миланскиот бискуп Џанантонио Боргоново и од градоначалникот Џузепе Сала.

Настапот се одржа зад затворени врати на катедралата, а Бочели го придружуваше само италијанскиот органист Емануеле Вијанели.