Нина Симон и „Бон Џови“ ќе бидат примени во Рокенрол куќата на славните во Кливленд, а класата за 2018 година вклучува и четири имиња кои за првпат беа номинирани.
За влез во елитното друштво од прва се изборија „Карс“, „Дајр стрејтс“, „Муди блуз“ и Розета Тарп и тие и официјално ќе станат членови на церемонијата на 14 март.
Шесте нови члена беа избрани од листата од 19 номинирани.
Тарп, која почина во 1973 година, е еден од првите женски гитаристи и се смета за „кума на рокенролот“. Таа ќе биде примена во групата „Признание за рано влијание“, а останатите како изведувачи.
Нина Симон е една од највлијателните пејачки на сите времиња и борец за човекови права.
„Карс“, основани во Бостон во 1976 година, комбинираа нов бран и класичен рок во својата музика, додека „Бон Џови“, за кои ова е втора номинација, е еден од најпрофитабилните рок бендови во последните три децении, откако продаде над 120 милиони албуми.
Листата ја надополнуваат британските рокери „Дајр стрејтс“ и „Муди блуз“, кои се прославија со безвременскиот хит „Ноќите во бел сатен“.