БРИТАНСКИОТ МЕТАЛКОР БЕНД „МАЛЕВОЛЕНС“ ДОАЃА НА ФЕСТИВАЛОТ ВОСТАНИЕ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од водечките европски металкор бендови „Малеволенс“ (Malevolence) е најавен како главна ѕвезда на годинашното издание на фестивалот Востание, што ќе се одржи во Младински културен центар во Скопје на 13 декември.

Бендот од англискиот град Шефилд е основан во 2010 година и досега има објавено три албуми. Неговата музика е опишана како мешавина од хардкор, металкор и грув метал. Во Скопје доаѓа по големата летна северноамериканска турнеја со „Мастодон“ и „Лемб оф гадс“.

„Малеволенс“ е првиот потврден учесник на осмото издание на Востание, што го организира „Дајхард рекордс“. Почетната цена на билети е 800 долари.

(Фото: Фејсбук)