„Бумеранг“ е новата песна на поп-пејачката Викторија Лоба, за која вели дека е напишана за само неколку часа, а е снимена наменски пред новогодишните празници. Автори на песната се Лоба и еден од нашите најангажирани композитори и продуценти Лазар Цветкоски.
„‘Бумеранг’ е песна која ја чувствувам како дел од мене, не само затоа што ја создадовме во еден спонтан, инспириран момент, туку и затоа што нејзината порака длабоко зборува за тоа кои сме ние како луѓе. Животот е круг и сè што даваме, се враќа назад на свој начин и токму тоа сакав да го доловам со оваа песна“, рече Лоба.
Видеоспотот за песната е снимен во Галичник, Скопје и еден дел во Грција. Режисер е Дарко Митев.
„Снимањето на спотот беше вистинско патување. Галичник со своите традиција и магична атмосфера, Скопје со неговата динамика и Грција со нејзината безвременска убавина, сето тоа даде посебен печат на приказната што ја раскажува ‘Бумеранг’“, рече пејачката.