Џез гитаристот Владимир Четкар на 7 март ќе одржи концерт во џез клуб во Будимпешта, Унгарија. Претходно на 1 март, тој со својот бенд ќе настапи во Скопје, во клубот „Бонобо Хај-Фај плејс“.
И во Скопје и во Будимпешта Четкар ќе се претстави со авторска музика од своите четири студиски албуми, а на сцената ќе го придружуваат македонски и унгарски музичари.
Неодамна, тој го издаде својот нов студиски албум „Let Us Be“, кој доби позитивни критики во Азија, Европа и Америка, каде што имаше шест концерти во декември и јануари.