Д ФЕСТИВАЛ ЌЕ ПРАВИ ПРОМОТИВНА ЗАБАВА ВО СКОПЈЕ СО ВИКТОРИЈА ОД ЕВРОВИЗИСКИТЕ ПОБЕДНИЦИ „МАНЕСКИН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Викторија де Анџелис, членката на италијанскиот рок бенд „Манескин“, ќе настапи во „Станица 26“ во Скопје на 19 април, што е замислено како официјална промотивна забава на 14. издание на Д фестивал. Таа е басистка во „Манескин“, а во Скопје ќе се претстави со диџеј сет во рамките на нејзината прва соло турнеја.

„Манескин“ стана светска сензација откако победи на Евровизија во 2021 година. Групата лани беше номинирана за Греми во категоријата најдобар нов изведувач.