Д ФЕСТИВАЛ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА КРАЈОТ НА ЈУНИ, НЕМА ПОТВРДА ДЕКА ОСТАНУВА ВО ДОЈРАН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Годинашното, 14. издание на Д фестивал ќе се одржи од 28 до 30 јуни, објави организаторот „Пасворд продукција“. Сепак, засега нема потврда дали фестивалот ќе продолжи на својата досегашна локација во Дојран.

Организаторите објавија дека новото издание на фестивалот ќе се одвива под слоганот „Love Spreads“, бидејќи, како што велат, љубовта е она што нѐ поврзува сите.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в среда (14 февруари) по почетна цена од 1.200, односно 1.300 денари сосе место во кампот.

(Фото: Фејсбук)