„Бејби Шарк“, слатката и суперзаразна детска песна снимена од јужнокорејската компанија „Пинкфонг“, стана најпрегледуваното видео во историјата на Јутјуб. Со 7,04 милијарди прегледи, „Бејби Шарк“ го надмина синглот „Деспасито“, што во 2017 година го објавија Луис Фонси и Деди Јенки.

„Бејби Шарк“ го презема рекордот четири години откако беше поставена на Јутјуб.

Оригиналниот автор на песната не е познат, но таа стана глобален феномен откако беше снимена од 10-годишната американско-корејска пејачка Хоуп Сегоин. Продуцирана од едукативната компанија „Пинкфонг“, таа прво стана интернет хит во Југоисточна Азија, а потоа ги освои и САД и Европа. На британската топ листа се искачи на шестото место.