БЕКАМОВИ И „НЕТФЛИКС“ ЌЕ СНИМААТ ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА 20,6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Бившата фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам и неговото семејство се согласиле да снимаат документарен филм со „Нетфликс“, чиј фокус ќе биде на нивните кариери и на актуелни случувања. Некогашниот капитен на англиската репрезентација од 1999 е во брак со модната креаторка и поранешна членка на „Спајс грлс“, Викторија Бекам и имаат четири деца.

Сѐ уште нема официјална потврда, ниту демант од стриминг платформата.

Весникот „Сан“ објави дека продукцијата на Бекам, „Студио 99“, ќе биде копродуцент, а „Вараети“ пренесува дека вредноста на договорот е 20,6 милиони долари. Медиумите велат дека документарецот ќе даде интимен поглед на неговата кариера, како и на односот со Викторија и нивните тројца синови Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.