ЏЕЈ ЗИ ГО ТРГНА ПИ ДИДИ ОД ВРВОТ НА ЛИСТАТА НА НАЈБОГАТИ ХИП ХОП АРТИСТИ

Лондон, (Индипендент)

Магазинот „Форбс“ ги објави најбогатите хип хоп артисти за 2018 година.

Џеј Зи го помести Пи Диди од врвот на листата, зголемувајќи го своето богатство од 810 на 900 милиони долари во текот на изминатата година.

Ова е првпат Џеј Зи да биде број еден на листата на „Форбс“, откако таа почна да се прави во 2011 година.

Пи Диди падна на второто место, со Доктор Дре на третото. Тројцата, исто така, се најбогатите американски музичари од кој било жанр.

Богатството на Диди е проценето на 825 милиони долари, додека Дре „тежи“ 770 милиони.
Дрејк и Еминем се следни на листата со по 100 милиони долари.

Еминем нема многу акции во бизнис зделки, но останува најпродаваниот рапер на сите времиња.