ЏЕЗ ГРУПАТА „НЕКСТ ТУ САЈЛЕНС“ ГО ОБЈАВИ СВОЈОТ ПРВ АВТОРСКИ МАТЕРИЈАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По долги години клупско свирење, скопската џез група „Некст ту сајленс“ конечно го издаде првиот албум со свој авторски материјал.

Албумот со необично име „…“ се снимаше во текот на оваа турбулентна година и содржи шест композиции, вклучувајќи и една преработка од полскиот композитор Кжиштоф Комеда, познат по соработката со Роман Полански.

Членови на „Некст ту сајленс“ се Александар Николовски (труба), Филип Димишковски (пијано и клавијатури), Драган Стојковски (бас гитара) и Гоце Наумов (тапани) и групата е специфична по тоа што на своите настапи ја изведува само музиката објавена од реномираната германска издавачка куќа „Ај-Си-Ем“.

Албумот е издаден под етикетата на Скопски џез фестивал.

Г. КОНЕВ