Утре (16 април) во киното Фросина во МКЦ, скопското трио „Светлост“ ќе одржи концерт со две големи имиња на современиот џез, саксофонистот Кен Вандермарк од САД и тапанарот Пал Нилсен-Лове од Норвешка. Од оваа соработка ќе произлезе и албум, а снимањето ќе се случи во Скопје, непосредно по концертот во МКЦ. Проектот се реализира со турскиот продуцент Џан Инандим.
Комбинирајќи џез, ноиз и амбиентални елементи, „Светлост“ објави три албуми во 2019 и 2020, кои беа одлично примени од критиката и слушателите. По настапот на Скопскиот џез фестивал, триото сними уште два албума.
Концертот ќе започне во 20:30 часот.
(Фото: Фејсбук)