По успешните концерти „Француски шансони“, „Звуците на Бразил“ и „Хитовите на Френк Синатра“, џез пејачот Џон Илија Апелгрен го најави своето следно музичко патување, овојпат во Куба.
На 14 јуни во Филхармонијата, Апелгрен ќе одржи концерт насловен „Кубанска музичка авантура“, на кој ќе изведе дел од богатиот кубански музички репертоар, особено од стилот кубанско болеро на автентичен, шпански јазик.
Апелгрен ќе пее во придружба на бенд составен од најдобрите домашни џез музичари, а придружни вокали ќе бидат Марија Димитријевиќ и Калина Велковска. Аранжманите за овој концерт ги подготви џез пијанистот и аранжер Гордан Спасовски.
Билетите ќе се продаваат по цени од 800 до 1.200 денари.
Фото: К. Попов