Новиот сингл „Фала“ аренби дуото „ДНК“ ѝ го посвети на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која на 29 јануари беше прегазена на пешачки премин во Скопје. Дуото претходно ја најави песната на социјалните мрежи со видео во кое нивни пријатели и соработници го кажуваат насловот на песната.
„Оваа песна по својот стил потсетува на звукот од 2000-тите“, велат Владимир Блажев-Панчо и Андреј Ѓеорѓиески од „ДНК“.
Како и претходните нивни песни, и оваа ја напиша нивниот постојан соработник Лазар Цветкоски, заедно со Панчо. Спотот е снимен во Скопје во режија на Огнен Шапковски и Кристијан Теодоров. Посветата за Фросина се појавува на крајот од видеото.