ЕДО МАЈКА И БРИТАНСКИОТ ДИЏЕЈ ХОТ СИНС 82 СЕ ПРВИТЕ ПОТВРДЕНИ УЧЕСНИЦИ НА 26. ТАКСИРАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Босанскиот пејач Едо Мајка и британскиот диџеј и продуцент Хот Синс 82 се првите потврдени учесници на 26. издание на фестивалот Таксират, што ќе се одржи на 7 декември во арената „Борис Трајковски“.

Едо Мајка (фото) е еден од најпопуларните изведувачи на балканската хип-хоп сцена и во Скопје ќе одбележи две децении од излегувањето на своите први два албума, „Слушај матер“ од 2002 и „Но сикирики“ од 2004.

Зад Хот Синс 82 стои Дејли Педли, кој објавува музика и настапува под ова име од 2012. Од „Пасворд продукција“ најавуваат дека неговиот настап ќе го затвори фестивалот на главната бина.

(Фото: Фејсбук)