ЕВРОВИЗИЈА ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА ЗА ГЛАСАЊЕ, ОТКАКО ИЗРАЕЛ ГО ОСВОИ ВТОРОТО МЕСТО ВО МАЈ ВО БАЗЕЛ

Лондон, (Би-Би-Си)

Евровизија ги менува своите правила околу гласањето по контроверзноста за резултатот на Израел на овогодинешниот натпревар.

Некои земји изразија загриженост откако Израел со Јувал Рафаел (фото) го освои првото место на гласањето на публиката на натпреварот во мај во Базел, завршувајќи втор на крајот, откако беа земени предвид гласовите на жирито.

Публиката сега ќе може да даде по 10 гласови, наместо претходно 20, а жирито ќе се врати за полуфиналето.

Организаторите, исто така, ќе им забранат на натпреварувачите и радиодифузерите да учествуваат во промотивни кампањи од трети страни, вклучително и влади. Минатата година имаше извештаи дека израелска владина агенција платила за реклами и користела државни сметки на социјалните мрежи за да ги охрабри луѓето да гласаат за нејзиниот учесник.

„Постоеше мал страв дека гледаме некаква несоодветна промоција, особено од трети страни, можеби влади, што е непропорционално со остатокот од природната промоција што треба да ја видите во шоуто“, рече директорот на Евровизија, Мартин Грин.

Присуството на Израел на Евровизија, исто така, се соочи со противење од некои земји учеснички поради војната во Газа.

Шпанија, Ирска, Словенија, Исланд и Холандија рекоа дека ќе размислат за бојкот на натпреварот следната година ако Израел учествува.

 

Фото: Гети