Два јубилеја се во фокусот на дводневниот музички настан „Панк рок – олд старс викенд“, што вечерва и утре ќе се одржи во Младински културен центар во Скопје, со почеток во 20 часот.

Еден од најпопуларните скопски бендови „Флукс“ вечерва ќе прослави 25 години постоење и истовремено ќе го промовира новиот албум „Сѐ околу нас“. Негови гости ќе бидат „Бигинигс“ и „Тенк ворнинг нет“, кој по долго време повторно ќе може да се види на сцена.

Утревечер на истата бина, 20-годишен јубилеј ќе одбележи групата „Културно уметнички работници“, која ќе биде најавена со настапите на „Тотално опуштање“ и „Ноу нејм нејшн“, генерациски, стилски и карактерно слични бендови.