Фу Фајтерс“ најави нова музичка насока, трансформирајќи се од стадионска рок група во трибјут бенд на „Би Џис“ на својот нов албум.

Под името „Ди Џис“ (Dee Gees), групата предводена од Дејв Грол ќе објави албум кој вклучува и четири преработки од „Би Џис“. „Hail Satin“ ќе излезе на 17 јули, кога во САД се одбележува Денот на музичките продавници.

На албумот ќе се најде и преработката на „Shadow Dancing“ од Енди Гиб, која помина седум недели на првото место на американската топ листа во 1978 година. Остатокот од албумот ќе го сочинуваат лајв верзии на пет песни од последниот албум на „Фу Фајтерс“, „Medicine At Midnight“.