„ГАЛИЈА“, „ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ“ И „ЦРВЕНА ЈАБУКА“ НА ОБНОВЕНИОТ ФЕСТИВАЛ СКРИМ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 9 ноември, по неколку години пауза, повторно ќе се одржи музичкиот фестивал Скрим во Скопје. Во салата „Борис Трајковски“ ќе настапат три популарни групи од поранешна Југославија: „Црвена јабука“ од Сараево, „Прљаво казалиште“ од Загреб и „Галија“ (фото) од Ниш.

Претходно, фестивалот се одржуваше во „Метрополис арената“ со настапи на македонски и балкански пејачи и групи. Во 2014, концерти во иста вечер одржаа Владо Јаневски и „Прљаво казалиште“.

Настанот го организира продукцијата „Прагма“, а билетите се пуштени во продажба преку мрежата на kupikarta.com

Фото: С. Рајхл