ГРАНЏ ГРУПАТА НА КИЈАНУ РИВС, „ДОГСТАР“, ГО НАЈАВИ ПРВИОТ АЛБУМ ПО 23 ГОДИНИ ПАУЗА

Лос Анџелес, (НМЕ)

Кијану Ривс го возобнови својот гранџ бенд „Догстар“, кој се подготвува да го објави првиот албум по 23 години пауза.

Формиран во 1991, овој бенд сними два албума во 1996 и 2000, пред да се растури во 2002. Ривс свиреше бас гитара и интересот за групата растеше паралелно со неговата актерска кариера.

„Ќе објавиме нова музика ова лето, што ќе биде проследено и со концерти. Бидете сигурни дека работиме на нови песни и составивме фантастичен тим кој ни помага. Ова е најзначајната и најзадоволувачка група песни што досега сме ги направиле“, напиша групата на Инстаграм.

(Фото: Инстаграм)