В петок (5 јули) почнува манифестацијата „Златни денови Кратово“, која се одржува по 10. пат на плоштадот во Кратово. Првата вечер ќе настапат македонските фолк пејачи Блага Петреска, Благоја Грујовски, Катерина Брезева и други. Потоа следат настап на „Брас брадрс“ и забава со диџеј.
Следниот ден настапуваат локалниот рокенрол бенд „Б.А.Д.“ и групата „Ана и девојките“, како најава на главната гостинка – хрватската поп-ѕвезда Данијела Мартиновиќ. Фестивалот ќе го затворат диџеј Жак и Пајак.
Водителка на настанот е Лила Филиповска.