„ЈУ ГРУПА“ ОДБЕЛЕЖУВА 50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ СО ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО БЕЛГРАД

Белград, (Н1)

„Ју група“, најдолговечниот рок бенд на просторите на бивша Југославија, ќе одбележи 50 години постоење со голем музички настан во Белград на 10 септември. На концертот ќе гостуваат бројни колеги-музичари од регионот, чии имиња дополнително ќе бидат објавени.

„Ју група“ беше првиот бенд во Југославија кој го комбинираше рокот со елементите на традиционалната музика од балканските простори. Од основањето до денес, стожерот на групата се браќата Драги и Жика Јелиќ, а во изминатите три децении неизоставен дел од поставата е и гитаристот Петар Јелиќ.

Од 1973 до 2016, групата издаде 13 студиски албуми со вкупно 134 песни, кои во чест на јубилејот ќе бидат реобјавени во вид на голема колекција.