Американскиот кабаре состав „Постмодерн џубокс“ од Њујорк ќе гостува со свое шоу во Скопје, на 6 септември во Филхармонијата, објави „Авалон“.
Составот кој одржува кабаре шоу со свинг и џез музика во стилот на 1920-тите години го основа њујоршкиот пијанист Скот Бредли во 2011. Досега, имаат одржани повеќе турнеи низ Америка, Европа и Австралија. Нивните видеа на јутјуб се гледани до 1,9 милијарди пати.
„Најголемиот светски забавувачки музички колектив ќе го прослави својот 10 роденден како дел од својата светска турнеја. Може да очекувате шоу во стилот на ‘Големиот Гетсби’ во комбинација со Френк Синатра и филмот ‘Враќање во иднината’, велат од „Авалон“.