КАМИЛ СЛЕЏ ЈА ПЕЕ АРЕТА ФРЕНКЛИН ВЕЧЕРВА ВО „СТАНИЦА 26“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерашната градска сесија број 14 во клубот „Станица 26“ во Скопје е посветена на кралицата на соул музиката Арета Френклин.

Повторно во организација на „3Гонга“, гостинка ќе биде американската пејачка Камил Слеџ, ќерка на Деби Слеџ, која, заедно со нејзините три сестри, беше дел од диско-атракцијата од 70-ите години, „Систер Слеџ“.

Концертот ќе биде возбудливо и авантуристичко музичко патување низ кариерата на легендарната Френклин, сега во оригинални аранжмани и изведба на Слеџ.

Слеџ ќе биде придружувана од талентиран тричлен бенд, во кој се истакнува поранешниот тапанар на Принс, Дејвид Фингерс Хејнс.

Концертот почнува во 21 часот, а цената на картите е 800 денари.