КАНАЛ 103 ЌЕ ГО СЛАВИ 80. РОДЕНДЕН НА МАКЕДОНСКОТО РАДИО УТРЕВЕЧЕР ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Овие зборови прозвучија во етерот на 28 декември во 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ.

Утревечер (27 декември), од 21 часот, во клубот „Ла кања“ за овој исклучително значаен јубилеј за македонската државност и култура, Канал 103 во соработка со „Партизанска штампа“, „5060“ и „Фликер студио“, го претставува пригодниот свечен постер чиј автор е македонскиот ликовен уметник Иван Ивановски и е едноставно насловен „Зборуе Радио Скопје“. Се работи за графика во сито печат техника, достапна во ексклузивен лимитиран тираж.

За оваа вечер, музичкиот уредник Ѓорѓи Јаневски подготви широк спектар на македонска музика од сите правци, архивски материјали и теренски снимки.