Каролина Гочева ја промовираше својата нова песна „Дел од мојот живот (Мог живота дио), проследена со видеоспот, наменета за регионалниот пазар.
Музиката и текстот се на Дино Мухаремовиќ, кој беше автор и на нејзиниот последен сингл „Дај на сунце”, додека аранжманот е на Дино Шукало, сараевски студиски музичар и долгогодишен соработник на Каролина.
Песната е снимена во Сараево во студиото на Шукало, додека спотот е дело на Миомир Милиќ.