КАРОЛИНА, СЛАТКАР, „НЕКСТ ТАЈМ“ СО РОЏЕР САНЧЕЗ НА „КУЛТУРНО ЛЕТО“ ВО КИСЕЛА ВОДА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Каролина Гочева, американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез, Бојана Скендеровски, Слаткаристика, „Некст тајм“, Сузана Спасовска и други ќе настапат на „Културно лето“ во Кисела Вода, со кое скопската општина слави 70 години. Настанот насловен „Сѐ на свое место“ почнува на 26 јуни пред салата „Расадник“ во 20:30 часот со настап на диџеите Мац, Ампов, Дејан Мицковски и Рочер Санчез на крајот, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на прес-конференција.

Следниот ден од 20:30 часот, кај крстот во Драчево ќе настапат КУД „Китка“, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски и Каролина Гочева. На 28 јуни, кај салата „Расадник“ концерт ќе одржат „Некст тајм“, Слаткаристика и „2бона“.

На 29 јуни ќе има семеен ден кај „Расадник“ со програма за деца, а вечерта е стендапот на актерите Бојан Велевски и Марјан Ѓорѓиевски

„И годинава, фокусот го ставаме на поддршката за македонските уметници. Ова е дел од нашата определба, да им даваме простор на домашните уметници, не само како алтернативна опција, туку како основен избор“, рече Ѓорѓиевски.

М. ЏАРОВСКА

Фото: К. ПОПОВ