ЌЕРКАТА НА БИЈОНСЕ ЈА ОСВОИ ПРВАТА ГРЕМИ НАГРАДА НА ДЕВЕТ ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Блу Ајви Картер, деветгодишната ќерка на Бијонсе и Џеј-Зи, ноќеска ја освои својата прва Греми награда, станувајќи еден од најмладите добитници во историјата. Таа славеше во категоријата најдобар музички спот за песната „Девојка со кафеава кожа“ (Brown Skin Girl), која е дел од саундтракот на Бијонсе за анимираниот филм „Кралот лав“. Блу Ајви е наведена како еден од авторите на песната.

Рекордот го држи Леа Писал, членката на кантри триото „Писал систерс“, која имаше осум години кога освои Греми во 2001 година.

Во исто време, Бијонсе испиша историја, откако стана најнаградуваната жена во историјата на Греми. Од деветте номинации, таа освои две награди и сега ги има вкупно 28, со што ја надмина досегашната рекордерка Алисон Краус. Севкупно, Бијонсе се израмни со продуцентот Квинси Џонс, а апсолутен рекордер е унгарско-британскиот диригент Георг Солти, кој има освоено 31 Греми награда.