ОСТАТОЦИ ОД ХРИСТИЈАНСКИ ЦРКВИ ОД 5. ВЕК ОТКРИЕНИ ВО ПУСТИНА ВО ЕГИПЕТ

Каиро, (АФП)

Француско-норвешки археолошки тим откри нови христијански руини во Западната Пустина во Египет, кои укажуваат дека во овој регион имало монашки живот во петтиот век.

При ископувањата во оазата Бахарија, археолозите пронајдоа неколку згради направени од базалт, некои врежани во карпите, како и неколку направени од цигли од кал. Комплексот се состои од шест сектори, кои содржат руини од три цркви и ќелии за монаси, при што ѕидовите се исцртани со графити и симболи со коптска конотација“, соопшти египетското министерство за антиквитети.

Шефот на мисијата Виктор Гика изјави дека 19 структури и црква се врежани директно во карпите.

Црковните ѕидови се декорирани со верски натписи и пасуси од Библијата на грчки. Ова јасно кажува дека монасите биле присутни овдека во петтиот век“, вели Гика.

Зафрлениот локалитет, сместен во пустината југозападно од Каиро, бил населен од 4. до 8. век.