ЌЕРКАТА НА КАЊЕ ВЕСТ И КИМ КАРДАШИЈАН СНИМА ДЕБИ АЛБУМ НА ДЕСЕТ ГОДИНИ

Лос Анџелес, (АП)

Десетгодишната Норт Вест, највозрасното од четирите деца на Кање Вест и Ким Кардашијан, влегува во музичките води и го најави својот прв албум. Неговото име ќе биде „Elementary School Dropout“, што е очигледна референца за деби албумот на татко ѝ „The College Dropout“ од 2004, со кој тој се промовираше во едно од највозбудливите нови хип-хоп имиња.

Норт се појави на промоцијата на новиот албум на Кање Вест во Аризона и таму објави дека работи на својот прв музички проект, без да открие други детали.

Објавата на малата Норт предизвика мешани реакции на социјалните мрежи. Многумина изразија загриженост што родителите ѝ дозволуваат на така рана возраст да тргне по стапките на татко ѝ, кој не престанува да ја шокира јавноста со своите изјави и постапки, а неговиот нов албум „Vultures“ добива ужасни критики. Норт рапува на една песна на овој албум.