„Колдплеј“ ќе одржи десет концерти на стадионот „Вембли“ во Лондон следното лето, со што ќе го собори рекордот на Тејлор Свифт и „Тејк дет“. Англискиот бенд првично најави шест концерти, но додаде уште четири датуми во септември поради огромниот интерес за карти.
Турнејата во 2025 ќе го следи излегувањето на десеттиот албум „Moon Music“, кој ќе биде објавен на 4 октомври.
Покрај „Вембли“, „Колдплеј“ ќе има и два концерта на стадионот во Хул и ова ќе им бидат единствените настапи во Европа следната година.
Тејлор Свифт и „Тејк дет“ претходно успеаја да го распродадат „Вембли“ по осум пати.