КОЛЕКТИВОТ „ГОЛА ПЛАНИНА“ ГО НАЈАВИ ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА МУЗИЧКИОТ ФЕСТИВАЛ „СЕПАК СЕ ВРТИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Колективот „Гола планина“ го најави првото издание на музичкиот фестивал „Сепак се врти“, на кој ќе се промовира новиот бран на домашната независна музика. Фестивалот ќе се одржи на 3 март на сцената „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк во Скопје и е замислен како дневен настан, имајќи предвид дека програмата почнува напладне.

Ќе настапат 12 бендови и музичари, како „Црно собрание“, „Пич вајс“ (фото), „Корпорација вагина“, „Конспираси“, Јоана Ристеска, Огнен Златанов, „Кокиче“…

За фестивалот официјално нема да се наплатуваат влезници, но ќе може да се поддржи со донации или со специјална карта-налепница, што може да се купи во „Котур“, „Буква“, „Микролаб“ и „Олд скул“.

(Фото: Фејсбук/З. Петровски)