КОНЦЕРТ НА „АРХАНГЕЛ“ ГО НАЈАВУВА 22. ИЗДАНИЕ НА ТАКСИРАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Една од највлијателните македонски музички групи „Архангел“ ќе одбележи три децении постоење со концерт со кој ќе се најави 22. издание на фестивалот Таксират. Концертот насловен „30 години љубов“ ќе се одржи на 11 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Како и сите други поголеми настани во овој период, и на концертот на „Архангел“ ќе биде задолжително да се носи маска и да се одржува растојание, бројот на картите ќе биде ограничен и во опција ќе биде само седење.

Организаторот „Пасворд продукција“ вели дека ова е првиот во низата концерти во рамките на 22. Таксират.