Вечерва (6 јуни) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“, на кој ќе свират млади музички таленти, а ќе диригира Ангел Спироски (фото).
На концертот настапуваат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола: Марија Џуклеска, Андреј Наумоски и Виктор Србиноски на виолина, Летиција Кондратенко на контрабас, Ана Матеска на флејта, Ева Малиновска на виолончело, Александар Ристовски на кларинет, Анастасија Петреска и Џеврие Туле на пијано и соло пејачките Матеа Стојаноска и Анастасија Милеусниќ.
На програмата се дела од Бах, Вебер, Моцарт, Верди, Шостакович и други.