КОНЦЕРТ НА ВИОЛИНИСТОТ БОЈАН ИЛКОВСКИ СО МАЕСТРО САШО ТАТАРЧЕВСКИ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (28 март) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Татковина“. Како солист настапува виолинистот Бојан Илкоски, а ќе диригира Сашо Татарчевски.

На програмата ќе бидат Концертот за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини и Симфонија бр. 4 во Д-мол, оп.120 од германскиот композитор Роберт Шуман.

Бојан Илковски неодамна како солист го изведе концертот на Паганини во Софија со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро Свилен Симеонов.