Одложените концерти на црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ во Филхармонијата ќе се одржат на 17 и 18 јуни од 20 часот, објави продукцијата „Евентум”. Тие првично беа закажани за 21 и 23 март, но се одложија поради деновите на жалост по пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 луѓе.
„Сите купени билети остануваат важечки и за новите датуми. Ако некој не е во можност да присуствува, може да поднесе барање за рефундација на средствата. Рокот за рефундација е 8 април”, велат организаторите.