КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ НА „НИКОЛА БОЧВАРОВ КВАРТЕТ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (13 февруари) од 20 часот, во киното Фросина во Младински културен центар ќе се одржи концертна промоција на новиот албум на џез составот „Никола Бочваров квартет”. Истовремено ќе има проекција на патописот „АвгустТур ’24”.

Гости на концертот се Кацар и Симе Златков.

Никола Бочваров е дипломиран контрабасист од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Оддел за популарни жанрови, а џез музика учел на конзерваториумот „Франц Шуберт“ во Виена. Другите членови на квартетот се Иван Петровски (гитара), Александар Ванчовски (тапани) и Филип Димишковски (клавијатури).