КОНЦЕРТОТ НА ТРОМБОНИСТОТ ОД КОЛУМБИЈА ЏОВАНИ СКАРПЕТА ЌЕ БИДЕ ХУМАНИТАРЕН, ПАРИТЕ ЌЕ СЕ ДОНИРААТ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 27 март од 20 часот во Филхармонијата, концерт ќе одржи тромбонистот од Колумбија, Џовани Скарпета. Концертот наречен „Без зборови“ ќе биде хуманитарен. Сите пари од купениет билети ќе се донираат во фондот за настраданите и повредените во пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март.
„Нашиот концерт ‘Без зборови’ кој ќе се одржи в четврток на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од купените билети ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан“, велат од Филхармонијата.

Диригент на концертот е Габор Холерунг од Унгарија. На програмата се Адаџо за гудачки оркестар, оп. 11 од Барбер, концерт за тромбон и оркестар од Томаси и Концерт за оркестар, Sz. 116, BB 123 од Барток.