„Леб и сол“ се враќа во Охрид со концерт во Антички театар, што ќе се одржи на 5 август. Концертот почнува во 21 часот, а влезниците се по цена од 800 до 1.200 денари.
Претседателот Стево Пендаровски во средата ги одликуваше членовите на групата со Орден за заслуги за Северна Македонија и тоа беше ретко обединување на класичната постава, која сепак нема да свири во Охрид. Од таа четворка, во групата членуваат само уште Бодан Арсовски и Кокан Димушевски.
„Леб и сол“ доаѓа со својот вонвременски репертоар во Охрид по успешната балканска турнеја, а последниот настап во Македонија го имаше во мај во Штип.