ЛЕНИ КРАВИЦ ВО СКОПЈЕ ДОАЃА СО ДЕСЕТ КАМИОНИ ОПРЕМА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Лени Кравиц за скопскиот концерт на 3 мај ќе дојде со десет камиони опрема, шест автобуси и со тим од 60 луѓе, кои се вклучени во оваа турнеја. Организаторот на концертот, „Авалон продукција“, вели дека од македонска страна како дополнителна помош се побарани 160 луѓе.

„Лени Кравиц е познат како музичар кој кога тргнува на светска турнеја, секогаш со себе носи своја и во тој момент најнова и најсовремена продукција“, велат од „Авалон“.

Концертот ќе се одржи во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Педесет и четиригодишниот Кравиц ја освојуваше Греми наградата за најдобра рок изведба четири години по ред, од 1999 до 2002, со што го урна рекордот во оваа категорија. Тој има продадено околу 38 милиони албуми низ цел свет.