Нова инвентивна зграда во Сингапур која троши онолку енергија колку што произведува беше пуштена во употреба минатиот месец.

Таа ќе биде дом на Факултетот за дизајн и животна средина од Националниот универзитет на Сингапур и нејзиниот надвиснат покрив ќе обезбедува дополнителна сенка и ќе ги одржува училниците природно изладени.

Истовремено, на покривот се поставени повеќе од 1.200 соларни панели, кои годишно ќе произведуваат околу 500 мегавати струја, нешто повеќе од она што професорите и студентите ќе можат да потрошат. Секој вишок електрична енергија ќе се собира и ќе се внесува во главната електрична мрежа на училиштето, која, исто така, функционира како резервно снабдување на зградата.

Според Светскиот совет за еколошко градење, во светот постојат само 500 комерцијални згради и 2.000 приватни домови кои самостојно си обезбедуваат струја.