Либанскиот виолинист со ерменско потекло Ара Маликиан ја свиреше „Јовано, Jованке“ пред концертот во Скопје, кој ќе се одржи на 18 октомври во Филхармонијата, во организација на продукцијата „Прагма“.
Маликиан во текот на својата кариера имал концерти во 40 држави во светот, меѓу кои и на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид. Има снимено 30 албуми за период од 25 години и настапувал со над 40 светски познати музичари, како Стинг, Лондонски камерен оркестар, „Московски виртуози“ и Симфониски оркестар на Токио.
Во својот репертоар, освен неговите, свири и дела од Дејвид Боуви, Јохан Себастијан Бах, „Лед Цепелин“ и Николо Паганини.