„ЛИНКИН ПАРК“ ПЛАНИРААТ ОБЕДИНУВАЊЕ СЕДУМ ГОДИНИ ПО СМРТТА НА ПЕЈАЧОТ ЧЕСТЕР БЕНИНГТОН

Лос Анџелес, (Билборд)

Членовите на „Линкин парк“ размислуваат за обединување, седум години по смртта на харизматичниот фронтмен Честер Бенингтон, открија извори блиски на американскиот рок бенд. Менаџерската агенција на групата почнала да прима понуди за можна турнеја во 2025 година, за што добила зелено светло од пејачот и гитарист Мајк Шинода, гитаристот Бред Делсон и басистот Дејв Фарел.

Засега нема назнаки кој би го заменил Бенингтон, кој изврши самоубиство на 20 јули 2017. Еден извор изјавил за „Билборд“ дека желбата на „Линкин парк“ била групата да ја предводи пејачка, за што први шпекулации се појавија пред некое време.

Линкин парк“ е еден од најуспешните рок бендови од 2000-тите, со продадени 29,4 милиони албуми само во САД. Преживеаните членови последен пат настапија заедно во 2017, на комеморативен настан посветен на Бенингтон.