Италијанскиот гитарист и композитор Антонио Форчоне на 24 мај ќе одржи концерт во Филхармонијата заедно со својот квартет. Многумина го опишуваат Форчоне како еден од најдобрите свирачи на акустична гитара во светот.
Форчоне првично студирал перкусии, пред да се префрли на гитара, па затоа неговото свирење се одликува со силни и сложени ритми и со значителна употреба на телото на гитарата за ударен ефект. Неговата музика комбинира разни стилови, од џипси џез ноти и латино американски ритми до музика од Апенинскиот и Балканскиот Полуостров. Има објавено 21 албум.
Во квартетот на Форчоне уште се Џени Адеџајан на виолончело, Матеус Нова на бас и Јансен Сантана на перкусии.