Утре (19 јуни) од 19 часот, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одржи хуманитарен концерт за Симона Темелкова-Кабранова, која поради мозочно крвавење не може да седи и да се движи самостојно. На Симона ѝ е потребно лекување во Турција, кое нејзиното семејство не може да го плати.
На концертот ќе настапат Влатко Лозановски (фото), Антониа Гиговска, Пајак и Лара, Ѓоко Јовиќ, „ДНК“, Лидија и „Ориентал бенд“, Сара и „Харизма бенд“, Наташа Малинкова, Чеде, Ален Хасановиќ, Мики Секуловски, Андријана Петрушовска и Ѓоко Танески. Билетите чинат 200 денари.
Во организацијата се вклучија многу луѓе од Кавадарци, како и здружението „Донирај компјутер“, кое по повод 3.000 донирани компјутери ќе поставии кутии за донации.